Притвор за несудената портирка кај локалитетот „Куклица“

Стојна Димитровска позната како жената која нелегално наплаќаше влезници на туристи за Кулкино заработи мерка притвор која и ја изрече судот, а по предлог на обвинителството.

Во официјалниот допис од ОЈО наведуваат:

ОЈО 

- Јавниот обвинител , го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот Куклица во која и се изречени мерки на  претпазливост  , вклучително и забрана да ја посетува локацијата меѓутоа таа одбегнува да го прими и почитува решението . Исто така, осомничената заедно со нејзиниот сопруг и претходно учествувала во дејствија на спречување службено лице во вршење службено дејствие кон пазарни инспектори.

Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка.

Јавноста но и туристи подолго време и претходно алармираа дека 41 годишната жителка на Кратово им наплаќала влезници без да им даде фискална а и на социјалните мрежи стана вирално видео каде таа влегува во конфликт со лице кое ја снимаше со неговиот мобилен телефон. Според дописот и на ЈО таа при послендиот инцидент физички нападнала и полициски службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат .Иако имала забрана за да го посетува местото а одбивала да го прифати документот  таа на 11 јули повоторно се појавила на местото.

 Новиот случај следува по повеќемеселни реакции од посетители и од Општина Кратово, кои тврдат дека пристапот до „Куклица“ бил ограничуван, а од туристите неовластено биле барани пари за влез. Во дел од сведоштвата се наведуваат и навреди, закани, фрлање камења и користење кучиња за заплашување на посетителите. Овие наводи треба да бидат утврдени во постапките пред полицијата, обвинителството и судот.

 Во случајот се водат одделни судски постапки и се применуваат различни судски мерки. Градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, претходно соопшти дека е донесена времена мерка со која Димитровска и нејзиниот татко Милош Димитровски треба да се оддалечат од локалитетот и да го предадат во владение на надлежните институции.