Притвор за Груби и Бајрами

Кривичниот суд им определи мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами. Мерката ќе биде применета откако ќе бидат пронајдени и станат достапни за органите на прогонот.

Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата. 

„По добиено известување од надлежното МВР, дека двете лица за кои Јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со што го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена“. - Основен кривичен суд Скопје.

И додека се чекаше одлуката на кривичен , од ОЈО со детали за злоупотребата за која ги сомничи поранешниот вицепремиер и директор на лотарија. според нив бајрами како претседател на Управниот одбор - Генерален директор на “Државна лотарија” на 09.05.2023 година електронски до Владата доставил информација за потребата од преземање активности за самостојно приредување електронски игри на среќа, при што било предложено да се спроведе постапка за набавка на ВЛТ терминали и нивно имплементирање.

Проценетата вредност на таквата набавка изнесувала 42% од сметководствената вредност на друштвото -станува збор за голема зделка за која согласно Закон е предвидена постапка за одобрување од Управниот и Надзорниот одбор на “Државна лотарија”, а не од Собранието на акционери. 

- Второосомничениот, иако исто така знаел дека барањето за конкретната јавна набавка е противзаконско и дека “Државната лотарија” нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа на територијата на државава, на 06.06.2023 година како вицепремиер претседавал со седница на Влада во својство на Собрание на акционерското друштво и покрај тоа што бил свесен дека акционерското собрание нема надлежност да одлучува за конкретната зделка. На седницата била усвоена информацијата и “Државната лотарија” била задолжена да ги преземе активностите за да започне самостојно да приредува електронски игри на среќа и да ги набави потребните видеолотариски терминали. - ОЈО.

Перпарим Бајрами повеќе од неколку месеци не е во Македонија, додека Артан Груби во неделата ја напушти земјата, по што на социјалните мрежи напиша дека нема намера да бега, но се уште не е во Македонија.