Притвор за газдата на Дурмо Турс и раководителот
Foto

Притвор за газдата на Дурмо Турс и раководителот

Дурмиш Бејлули сопственикот на Дурмо Турс вечерва заврши во притвор. Истата мерка судија на претходна постапка ја изрече и за раководителот во неговата фирма. Според обвинителството и двајцата знаеле дека сопирачките на црвениот автобус кој се преврте кај Ласкарци се неисправни. Неисправните сопирачки и недозволената брзина од 99км на час довеле до несреќата. Бејлули, два дена по енсреќата за тв24 гаранираше дека автобусите од неговата компанија се исправни. 

Обвинителството побара притвор и за Маноил Трифуновски, возачот на автобусот. Бил во добра здравствена состојба и не разговарал на мобилен телефон во критичниот момент, вели Рајчев, но изгубил контрола над бидејќи ја пречекорил брзината на возење на автопатот. 

Меѓу седумтемина осомничени за несреќата кај Ласкарци е и уште едно лице вработено во трета фирма, и кое издало потврда дека тахографот кој ја мери брзината на возење е исправен, иако за тоа не направил проверки. Токму вештачењата кои ги направиле професори од електротехничкиот факултет во Скопје покажале дека овој уред е штелуван и не покажува реална брзина. Во стравичната несреќа загинаа 15-мина гостиварци, а еден месец потоа 19 годишна девојка на која и беше ампутирана ногата, сеуште е во критична состојба.

0 Коментари

Остави коментари