Притвор од 30 дена за дел од приведените во случајот УЈП

30 дневен притвор за осуммина, за преостанатите мерки на претпазливост. Во акцијата на Обвинителството 20 лица се осомничени за даночно затајување, измами и злоупотреби на службената положба. Бизнисмени и вработени во УЈП формирале криминална група и преку повеќекратни даночни злоупотреби го оштетиле буџетот за 4.8 милиони евра. 

ОЈО ГОКК покрена истрага за 20 лица осомничени за повеќе кривични дела кои ги извршиле во период од 2023 до 2025 година. Првоосмничениот српски државјанин, управител на две фирми заедно со двајца вработени од УЈП со прикажување на неточни пријави и со помош на даночни службеници, избегнал плаќање на данок во износ од над 11 милиони денари. Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, со асистенција на МВР, беа извршени претреси на 16 локации низ државата. Пронајдени и времено се одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица.