Присуството на Мицкоски и Касами „виси“ на лидерската
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја соопшти одлуката дали ќе присуствуваат на лидерската која ја иницираше Ковачевски за в понеделник во законодавниот дом со сите парламентарни партии.
Лидерот на партијата Мицкоски и денеска од Битола одговарајќи на новинарски прашања посочи дека одлуката ќе ја донесе откако ќе разговара и со коалициските партнери.
Касами в недела ќе одлучува како ќе постапат и доколку се појават на лидерската со кои барања ќе седнат на маса откако Таравари и денска одговарајќи на новинарски прашања посочи дека остануваат на барањето за тргање на 20 проценти кај албанскјиот јазик .
Ии денеска но и вчера од Бихаќка го потврдуваат она за кое ТВ 24 веќе информираше дека Ковачевски ќе се обиоде во фокусот на лидерската да биде само вметнувањето на бугарите во Уставот со цел да продолжат евроинтегративните процеси на земјата а расположен е да се дискутира и за евентуалното тргање на оние 20 % кај албанскиот јазик но ќе се обиде да ги прекине сите останати условувања и барања на партиите .Во меѓувреме останува отворена поканата и за лидерската на партиите од албанскиот политички блок која ја иницираше Беса со цел да донесат заеднички став околу формулацијата 20 % и сетоа она кое е попврзано со отварањето на уставот, но пак ставот на интегративците беше дека сите партии заеднички треба да седнат на маса за вакви исклучително важни прашања.

