Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово
Foto

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

Тим од германски експерти кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава.

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Во пожарот што  избувна пред  една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

0 Коментари

Остави коментари