Пристигна нова група државјани од Авганистан
Foto

Пристигна нова група државјани од Авганистан

Сите Авганистанци кои денеска пристигнаа се дел од меѓународната организација Тиркиз Моунтејн, а меѓу нив има и членови на нивните семејства, соопштија од владата.

Тиркиз Моунтејн е организација која се занимава со хумана мисија во Авганистан, која во последните неколку години реставрирала над 150 историски објекти, третирала околу 165 илјади пациенти во клиниката во Кабул, отворила и поддржала повеќе од 50 мали бизниси воо Авганистан и Мјанмар, како и други активности. 

Веднаш по слетувањето предвидено е сите овие лица да добијат поддршка од Црвениот крст, да поминат безбедносна проверка, а ќе бидат тестирани на коронавирусот и ќе добијат можност за вакцинација во нашата земја. 

Ова e втора група граѓани од Авганистан кои пристигнаа во земјава. Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие пристигнаа на 31 август и во најголем дел станува збор за Авганистанци што работеле во меѓународни организации и нивните семејства.

Граѓаните на Авганистан имаат привремен престој од 90 дена во земјава, односно до обезбедување на трансфер до крајната дестинација.

0 Коментари

Остави коментари