Природата во Вевчани неисцрпна инспирација за уметниците

Повеќе од 20 афирмирани сликари од земјава и странство учествуваат на 11. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански Видувања“ што до 10 јули ќе се одржува во живописниот амбиент на  Вевчани.

Прв пат годинава во рамки на колонијата, ќе се одржи и Летна ликовна школа за деца, на која 40-тина дечиња, под раководство на професорката Лара Ташковска. Ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат со тајните на сликарската уметност.

Инспирирани од прекрасната вевчанска природа годинава во Вевчани ќе творат уметници од државата, балканските и од неколку европски земји.

Долго време доаѓам во Македонија , многу ја сакам затоа што родителите ми се Македонци и секогаш не влечи тој југ, топлината, народот и јазикот“, изјави Славица Секуловска уметник од Србија. 

Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ почна во 2010 година, а досега учествувале над 150 еминентни ликовни уметници од државата и од странство.