Припорчани со пораки на местото на градежната трагедија - „Се почна од Митко!“
Foto

Припорчани со пораки на местото на градежната трагедија - „Се почна од Митко!“

„Се почна од Митко“..„Знаеш ли дека со ова си убиец?“ Со вакви пораки утрово осамна градежниот басен во скопски Припор.. Денеска ништо не наговестуваше дека тука синоќа со часови се вадело безживотното тело на градежниот рабоник, кој загина затрупан од одрон на земја. Само растревожени жители, кои не сакаат да се експонираат пред јавноста, зад камерите шепотат имиња, кои според нив, индиректно се виновни за трагедијата..Велат на ова место требало да се изгради потпорен ѕид одамна. Но, кој и зошто ја одложувал градбата? Многу прашалници – малку одговори.

Од Општина Кисела Вода, само велат се работи за државно земјиште, а тендерот за изградба на потпорниот ѕид, го долелиле пред нецел месец.

„Фирмата изведувач на градежните зафати на потпорниот ѕид на ул. Христо Татарчев крак 14 тендерот го доби на 06.11.2018 година. Воедно, ѕидот се гради на државно земјиште. Во интерес на истрагата не може да се соопштат повеќе информации, се чека извештај од Јавен обвинител и МВР, со кои Општината ќе соработува.“ - велат од Општината.

Институции се уште без официјален став – како лавина од земја и кал поклопи двајцата работници.. Според првичните анализи од инспекторите на терен, постојат сомнежи дека се работи за несоодветно обезбеден терен, но не ја исклучуваат можноста проблемот да е во несоодветна употреба на градежната механизација...Како и да е велат, одговорноста ја има фирмата изведувач на проектот. На местото на несреќата пак, нема ниту табла, со името на фирмата „Баџак Инженеринг“ која го добила тендерот..И нашите обиди да стапиме во контакт беа безуспешни.

Ова не е единствен трагичен случај. Само од почетокот на годината досега, според извештаите на Македонското здружение за заштита при работа, на работно место животот го загубиле повеќе од дваесет работници.

Законите ни се убаво напишани, но како се спроведуваат. Поранешниот прв инспектор за труд вели проблемот треба да се бара кај сите актери за контрола на безбедноста за работа, во нивниот отчет и индивидуална одговорност. 

„Институциите од владата па надолу, треба повеќе да се посветуваат, како функционира инспекторатот, стручните служби, овластените здравствени установи за заштита при работа, дали фукнционираат? Ако ние сме создале се, а пак нешто фали, тука некој треба да одговара да даде отчет поединечна и колективна.“ - вели професорот Агим Шаќири и член на Македонското здружение за заштита при работа. 

На законот за безбедност при работа му се подготвуваат и нови измени – но според познавачите, залудни се сите корекции, се додека нешто не се смени во пракса.

0 Коментари

Остави коментари