ПРИПАДНИК НА МВР ВО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ЗАГИНА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА НА ПРЕМИНОТ МАЏАРИ
Foto

ПРИПАДНИК НА МВР ВО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ЗАГИНА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА НА ПРЕМИНОТ МАЏАРИ

Полициски службеник од полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5:50 минути удрил во возило „Фолксваген Венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски службеник во полициската станица Гази Баба кој починал на лице место, информираат од МВР. Јавен обвинител изврши увид на местото на несреќата.

 

0 Коментари

Остави коментари