Приоритети на економијата пред изборите
Подршка и развој на приватниот сектор и на економијата. Ковачески и Азески денеска на заедничка маса на тема за економските приоритети за земјата. Заклучија дека Македонија и натаму е атрактивна дестинација која може да привлече странски инвестиции но потребна е работа.
Сепак не пропуштија прилика да се осврнат и на тешките периоди кои ги помина земјата и претставуваа кочница за натамошниот европски економски развој .
„Ние сме соработувале како стопанска комора од формирањето,ние мислиме дека нашата соработка ќе продолжи понатака,ние мислиме дека дојде време и тоа јавно го обзанивме дека треба да настане едно обединување во Македонија околу еден клучен приоритет кои се вика бизнис заради тоа што бизнисот е едниот кохезиониот фактор што може да ги реши работите кои што не можат да ги решат политичките елити.“ - вели Бранко Азески.
Ковачевски ипак осврнувајќи се на изминатиот период посочи дека биле вложени 100 милиони евра со кои се подржале околу 1000 компании во државата, но и како што рече до 2017 година немало воопшто подршка за домашните компании, единстевена подршка добивале странските компании.
„Европскиот стандадрд носи подобар живот, подобар животен стандард за граѓаните подобра работа за компаниите и дополнителни фондови за развој на нашата економија во сите сегменти. Платите се еднни од тие важни сегменти кои ги сработивме, дијалогот е секогаш начин да се најде вистинско решение. Почнавме во мојот мандат со 18.000денари минимална плата со последното усогласување таа е 22.500денари.“ - изјави Димитар Ковачевски.
Правејќи компаративна паралела со економските политики на претходните влади, Ковечевски додаде и дека земјава во последниве години има повеќе вработени и повеќе отворени фирми.
Денешната средба на првиот човек на стопанската комора но и на лидерот на СДСМ Ковачевски е само една од низата која Азески ја имаше деновиве откако претходно се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и на првиот интегративец Ахмети.