Прилеп симбол на културата и уметноста, Маркови кули – сведок на минатото и сегашноста
Foto

Прилеп симбол на културата и уметноста, Маркови кули – сведок на минатото и сегашноста

Најстарите населби врзани за градот Прилеп, според археолошките наоди се наоѓаат на горните тераси во седлото и на највисокиот врв на Маркови кули – Чардак , каде се пронајдени остатоци од градби, некополи и керамика од неолитскиот, бронзениот и железниот период. 

Сместен во горниот дел на најголемата рамница во земјава, Пелагониската котлина, градот лежи во седлото  помеѓу Маркови Кули и Селечка планина. Прилеп мошне рано станал важен економски, политички и културен центар. Поврзан со голем број природни сообраќајници низ кои се одвивале живи врски од југ кон север, Прилепскиот крај бил изложен на разни културни и политички влијанија, кои оставиле траги врз неговиот историски развиток.

Значајни податоци за Прилеп во 17 век оставиле турските патописци Хаџи Калфа, Евлија Челебија и други. Евлија Челебија во 1666 споменува дека во градот имало 1.000 куќи и 200 дуќани. 

Во 1955-та година во Прилеп се доселил и д-р Бошко Бабиќ, археолог и историчар на уметноста, еден од основачите на Институтот за старословенска култура во Прилеп и негов директор. Покрај низа општествени ангажирања, неговата главна цел е основањето и развојот на Народниот музеј во Прилеп. 

На должност директор на оваа институција се наоѓаше од 1 јули 1955 година до 30 јуни 1980 год.ина. Сегашниот директор на НУ „Завод и Музеј“ - Прилеп, Благоја Атанасоски вели дека Прилеп има многу работи по кој би бил многу автентичен, особено поради богатсвото во сите бранши, археологија, историја на уметност, во етнолошки материјал како и архитектонските обележја. 

Атанасоски вели дека ќе преземе иницијатива и за промена на името на сегашната НУ „Завод и Музеј “ - Прилеп да го носи името на основачот, односно на доктор Бошко Бабиќ. 

Дека Прилеп е седиште на културата и уметноста зборува и самиот факт дека изобилувал со мноштвото од културни дејци како што се Блаже Конески, Марко Цепенков, Стале Попов, Благоја Платнар, Благоја Спиркоски – Џумерко и многу други кои што го збогатиле градот правејќи го град на културата. 

Но за моменталната ситуација со културната сцена во градот зборува и актерот Игор Трпчески кој пак преку песна насловена „Театар“ ја опишува моменталната ситуација со културата и сцената во Прилеп, кој пак вели дека потребно е и поголема независност на културните работници за да можат да творат на домашната сцена. 

Но градот покрај Маркови кули е познат и по Саат кулата која преставува споменик на културата. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 метри, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 метри. 

 

0 Коментари

Остави коментари