„Приказната за Силјан“ со две номинации за наградите Еми
Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, доби две номинации за престижните телевизиски награди Еми, продолжувајќи го успешниот меѓународен пат кој отпочна минатата година со светската премиера на Венецијанскиот филмски фестивал.
Филмот е номиниран во категоријата „Извонредна кинематографија за документарна програма“, каде што за директор на фотографија е номиниран Жан Дакар.
„Приказната за Силјан“ е номиниран и во категоријата „Исклучителни достигнувања во документарното филмско творештво“, во која се номинирани продуцентите Тамара Котевска, Жан Дакар и Ана Хашми, заедно со извршните продуценти Дејвис Гугенхајм, Кејси Мојер, Керолин Бернстин и Тим Хорсбург.

