ПРИЈАВЕНИ ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА ИЗИГРУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИСПЛАТАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
Foto

ПРИЈАВЕНИ ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА ИЗИГРУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИСПЛАТАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Зголемувањето на минималната плата им скрати дел од правата на работниците во две делчевски конфекции. Тие веќе пријавиле до граѓанскиот сектор дека од 1-ви јануари им ги укинуваат  колективната исхрана и превозот. Тоа значи дека работничите на сметка ќе добиваат минимална плата, но од неа ќе мора да си го плаќаат превозот до  работните места. Од Гласен текстилец велат дека тоа е изигрување на Законот за минимална плата.

Инаку додатоците за пат и храна работниците како законско право го изгубија пред десет години кога влегоа во составот на бруто платата. Од ССМ велат дека тие со извештај за кршење на Законот за минимална плата и К-15 ќе излезат со свој став во февруари. Од таму  најавија дека здружено со неваладиниот сектор ќе бараат подобрување на положбата на работниците, но признаваат дека преговорите за враќање на дел од изгубените работнички права оди тешко иако веќе ги почнале преговорите за изработка на Општ колективен договор за приватниот сектор.

Иако подготовката на новиот текст на Законот за работни односи трае повеќе од една година и од него се очекува подобрување на положбата на работниците се поизвесно е дека неговото изгласување ќе го чека новиот парламентарен состав.

0 Коментари

Остави коментари