Презентација на новиот стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции

Во дирекцијата на ТИРЗ денеска се одржа средба на министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Јован Деспотовски на која информираа за новиот стратешки зелен инвестициски фонд креиран во рамки на планот за забрзан економски раст на владата што го подготви министерството за финансии.

Тој ќе биде наменет и за странските и за домашните инвеститори, а дел од придобивките од новиот инструмент ќе бидат 15.000 нови работни места, зголемен извоз и поголем поврат на средства во буџетот.