Презентација на Извештајот на Агенцијата за темелните права на ЕУ

Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе го презентира на Извештајот за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2022 година.

Како дел од ФРАНЕТ, ЕПИ трета година по ред го изработува придонесот за Северна Македонија кон годишниот извештај за темелни права на Агенцијата.

 

Покрај презентацијата на наодите, панелистите и панелистките ќе дискутираат и за главниот тематски фокус на овој Извештај – влијанието на КОВИД-19 пандемијата врз социјалните права, се вели во најавата на Институтот.