Презентација на анкетата за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието
Foto

Презентација на анкетата за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието

Наоди од анкетaта за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието за периодот јуни 2018 – април годинава и за Извештајот за квалитет на дебата, ќе презентира денеска Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

Истражувањето на јавното мислење за работата на Собранието во текот на изминатата година Институтот го спроведе во рамки на проектот „Собранието под лупа“ финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

0 Коментари

Остави коментари