Презентации за потпрограмите на „Креативна Европа“ – Култура и МЕДИА
Foto

Презентации за потпрограмите на „Креативна Европа“ – Култура и МЕДИА

Канцелариите на програмата на Европската Унија „Креативна Европа“ за потпрограмите Култура и МЕДИА денеска напладне во Младинскиот културен центар ќе одржи отворени презентации во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс“.

Презентациите се на темите: „10 најчести прашања и одговори“ –  поврзани со новите повици на МЕДИА, критериумите за аплицирање, можностите за учество на тренинзи и работилници, „European film challenge 2020” – промоција на проект поддржан од МЕДИА преку македонска  партнерска организација „Блинк 42/21“, „Проекти за соработка – Креативна Европа Култура“ и „Примери на добра пракса од потпрограма Култура: CON-FRONT: heritage, where the past meets future и Тhe Chorus Project“.

 

Од МЕДИА Деск МК информираат дека настанот е отворен за јавност и, покрај претставници на аудиовизуелниот сектор и претставници од културата, ги поканува и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми за да се запознаат со сите можности за аплицирање на повиците кои се дел од програмата „Креативна Европа“.

0 Коментари

Остави коментари