Претставници на регионалните и европските синдикати гости на ССМ - власта да не ги назадува работничките права!
Агресивниот притисок на Владата врз Сојузот на синдикати на Македонија ги обедини синдикалците од регионот и пошироко.
Велат, земја што не ги почитува синдикатите мора да биде повикана на одговорност. Македонија, како земја со аспирации за членство во европското семејство, треба да ги тргне канџите од синдикализмот бидејќи истиот е дел од вредностите на Евроспката унија. Непочитувањето на социјалниот дијалог ќе биде доволен аларам за Европската комисија која го работи уизвештајот за напредокот на една држава
„Ниту Владата, ниту работодавачите не смеат да ги напаѓаат синдикатите. Ако треба синдикатите ќе излезат и на улица - меѓутоа ние очекуваме дијалогг, социјален дијалог, демократски институции кои што обезбедуваат таков дијалог. Затоа што социјалниот дијалог, улогата на синдикатите се вкоренети во договорите за Европската унија, во нашите демократски процеси. Земја што не ги почитува тие права мора да бид еповикана на одговорност. Се надевам дека во Северна Македонија тие напади врз синдикатите ќе престанат, дека ќе се врати социјалниот дијалог, и дека ќе има преговори и дека преку тие договори ќе се договорите која е адекватната плата за работниците во Северна Македонија. Ние следиме, и известуваме што се случува во оваа земја.“ - вели Теа Јарц од Конфедерален Секретар на Европската Конфедерација на Синдикати.
Држави каде што Владата жестоко на барањата на синдикатите за подобар стандард на работниците се држави каде владее тоталитаризмот вели Фикрет Алич од Сојузот на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина.
„Иста таква ситуација е и во Македонија, и верувајте ми дека сите влади во регионов, во државите од поранешна Југославија, освен Словенија и Хрватска, како да се од иста мајка родени. Потполно се идентични во нивните методи на притисок, методи на закани и се она што ги оневозможува синдикатите да ги остварат своите барања. Престанок на работа на Економско социјалниот совет, неформирање на одредени комисии, немање на социјален дијалог - сето тоа се мерки и методи што тие си ги препишуваат едни од други. Нашите тоталитарни режими во нашите држави ја приватизираат државата за себе и на оние на кои што им овозможуваат енормно богатење на овие простори кои што за жал.“ - вели Фикрет Алич – претседател на Собранието на Сојуз на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина
Силниот концепт на неолиберзализам концепт кој не ги почитува своите работници треба да биде подготвен да се соочи со отпорот на синдикализмот вели Душко Вуковиќ од Сојузот на самостојни синдикати на Србија.
„Се донесуваат закони, се донесуваат економско-социјални политики кои што им одговараат на тесен круг на богатите, на светот на капиталот а често се заборава да с екаже дека економијата во една држава не се само парите туку дел од неа се стручните работници кои со својот труд и знаење придонесуваат да расте БДП на една земја. Ние се обидуиваме да никој да не одлучува за нас без нас.“ - вели Душко Вуковиќ потпретседател на Советот на Сојуз на самостојни синдикати на Србија.
Работодавачите ја имаат моќта на капиталот, Владата политичката моќ - Синдикатот ја одразува моќта преку работникот, апел до сите синдикати да се обединат и да им овозможат на работниците минимална плата велат синдикалците од Црна Гора.
„Во целиот нормален свет, во развиениот свет преку социјален дијалог се доаѓа до најдобрите решенија. Убеден сум и сигурен сум дека следниот пат кога ќе дојдам во Скопје, дека колегите од Македонија веќе минималната плата е значително зголемена.“ - вели Душко Зарубица генерален секретар на Сојузот на синдикати на Црна Гора.
На притисок одговараме со притисок, вели првиот синдикалец Слободан Трендафилов, посочувајќи дека пред работникот не смее да застане никој во спротивно ќе се соочат со моќта на синдикалното ехо.
„Пробале многу пред нив, пробуваат и тие. 79 години постои Сојузот насиндикатите на Македонија и ќе продолжи да постои уште толку. Нашата главна заложба е зголемување на плата и не може ниту една политичка партија да не убеди во спротивното.“- вели Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Останува отворено прашањето, велат од ССМ, дали синдикалното ехо ќе допре до владата и работодавачите или работникот ќе биде приморан да излезе на улица.