Претставници на македонските парламентарни партии во Корча на средба со првите луѓе на македонската Алијанса за европска интеграција

Политичките претставници на Македонците во Албанија ги седнаа на заедничка маса македонската позиција и опозиција. Во Корча на средбата им порачаа дека агресивната бугарска асимилација во Албанија е директно поддржана од албанските власти, а положбата на Македонците е крајно незавидна

Грижата за Македонците во Албанија е национален интерес, а тоа го потврдува присуството на власта и опозијата, рече Васил Стејровски  претседателот Македонската алијанса за европска интеграција. Мораме да се одбраниме од насилната агресивна бугарска политика и ова не е само политичка туку борба за опстанок.

На средбата беше претставена и Националната стратегија  за заштита на македонското национално малцинство во Албанија. Преку неа меѓу другото се бара  признавање на правата на Македонците во сите региони каде што живеат, како и отворање на училишта на Македонски јазик.

Од Македонскот министерство за надворешни работи најави мерки, но и соработка со Албанската влада за подобрување на состојбата со Македонците во Албанија  Македонската позиција и опозиција со подршка за македонскот малцинство.

 

На средбата присуствуваа преставници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Демократскиот сојуз и Левица ,како и македонскиот амбасадор во Тирана. Пред неколку дена делегација на единствената политичка партија на Македонците во Албанија беше примена од претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. На средбата, укажале на состојбите на македонското малцинство, истакнувајќи дека се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација коишто го загрозуваат нивниот национален и културен идентитет.