Претставничкиот дом на Конгресот усвои резолуција за отповикување на Трамп
Foto

Претставничкиот дом на Конгресот усвои резолуција за отповикување на Трамп

На само една недела од инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден - Претставничкиот дом на Конгресот усвои резолуција за отповикување на Доналд Трамп врз основа на 25-от амандман.

Иако пред гласањето потпретседателот Мајк Пенс и соопшти на спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, дека се спротивставува на активирање на 25-от амандмам, сепак според резолуцијата Пенс има рок од 24 часа да каже дали е подготвен да постапи според усвоената резолуција – која беше изгласана со 223 гласа „за“ и 205 „против“. 

Отстранувањето на претседателот, според 25-от амандман, подразбира дека потпретседателот и мнозинството членови на кабинетот на претседателот изјавуваат дека претседателот не е способен да ја извршува својата уставна должност.

Резолуцијата на Претставничкиот дом, меѓудругото, соддржи член во кој Трамп се обвинува за поттикнување бунт и зборува за неговата потенцијална одговорност за упадот на дел од приврзаниците во комплексот Капитол Хил за време на конгресната потврда за резултатите од гласањето на Изборниот колеџ на претседателските избори што ги доби Џозеф Бајден.

Во резолуцијата се истакнува дека Трамп на протестен митинг им се обрати на неговите приврзаници, непосредно пред дел од нив да се упатат кон Капитол Хил. Начинот на кој тој им се обрати на присутните ги охрабри и, како што се очекуваше, доведе до незаконски активности, се додава во резолуцијата.

Доколку Претстваничкиот дом го отповика Доналд Трамп, тој ќе стане единствениот американски претседател кому ова му се случило двапати во текот на неговиот мандат.

По ова во Сенатот треба да се одржи сослушување и да се донесе одлука дали Трамп ќе биде сменет од функцијата, и покрај фактот дека седницата веројатно ќе трае подолго од седумте дена, колку што преостанаа до истекот на неговиот мандат.

За импичмент на Трамп најавија дека ќе гласаат пратеничката Лиз Чејни, која зазема високо место во републиканското раководство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и републиканскиот претставник во Конгресот, Џон Катко.

Во меѓувреме и Јутјуб го блокираше каналот на Трамп, оттаму соопштија дека одлуката следува бидејќи биле прекршени политиките за поттикнување насилство по минатонеделниот напад врз Капитол од приврзаниците на претседателот.

0 Коментари

Остави коментари