Претставничкиот дом изгласа ограничување на воените ингеренции на претседателот Трамп
Foto

Претставничкиот дом изгласа ограничување на воените ингеренции на претседателот Трамп

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа резолуција, со која се ограничува можноста на претседателот Доналд Трамп да почне војна против други држави без одобрување на Конгресот.

Гласањето следува по нападот со беспилотно летало и убиството на Касим Сулејмани а според дел од законодавците, елиминацијата на иранскиот генерал може да има големи последици и да предизвика војна со Иран. Резолуцијата беше одобрена со 224 гласа „за“ а 194 „против“. Покрај преставниците на демократите, резолуцијата ја одобрија и тројца републиканци.

Мислам дека е исправна оваа резолуција. Со неа не се критикува претседателот и таа не вели дека одлуката за убиство на Сулејмани беше погрешна. Сепак, ако некој следен претседател сака да ја вовлече нашата земја во уште една долгогодишна војна на Блискиот Исток , ќе мора претходно да добие потврда од конгресот на САД.“ - изјавиу Мет Гац – конгресмен од Флорида.

Демократите сметаат дека претседателот треба да има намалени ингеренции во однос на одлуки за војна и да нема право на вето ако законодавниот дом е против....Воедно, бараат Конгресот да биде консултиран за секој иден план за воен напад врз Иран...Многумина сепак сметаат дека ваквата резолуција има само симболичен чин бидејќи за таа и официјално да помине, треба да биде одобрена од сенатот каде републиканците имаат мнозинство...

Доналд Трамп пак останува на ставот дека наредил ликвидација на Касим Сулејмани бидејќи Иранскиот генерал, планирал напад врз Амбасадата на САД во Багдад.

„Го запревме и тоа многу брзо. Дознавме каде се наоѓа и веднаш реагиравме. Немаве време да и се јавиме на Ненси Пелоси, која не е баш најдобра во овие работи. Радикалните леви демократи се против тоа што убивме еден ужасен терорист. Но всушност тие треба да бидат револтирани поради злосторствата на Сулејмани и фактот дека тој долго време ја избегнуваше правдата.“ - изјави Трамп.

А во Брисел попладнево е планирано да се одржи вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, а во фокусот на разговорите на европските дипломати ќе бидат тензиите меѓу двете страни, но и моментната ситуација во Либија.

Од Белата Куќа претходно соопштија дека државен секретар Мајк Помпео разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во обид да се реши кризата на Блискиот Исток.

А веќе стигна и потврда на неодамнешните најави за нови санкции против Техеран.

 

„Веќе е готово, ние ги зголемивме санкциите. Тие и досега беа многу сериозни, но сега значително се зголемија. Предмалку ги одобрив санкциите заедно со Министерството за финансии.“ - изјави Трамп.

Од Белата Куќа пак соопштија дека државен секретар Мајк Помпео разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во обид да се реши кризата на блискиот исток. Двајцата го осудиле нападот врз воздухопловните бази во Ирак и напоменале дека е потребно поголемо учеството на Алијансата во регионалната безбедност и борбата против меѓународниот тероризам.

0 Коментари

Остави коментари