Претставки од граѓани за контаминенти во храната и за поминат рок на употреба
Од вкупно поднесените претставки годинава кои се однесуваат на безбедноста на храната, 17 се поврзани со добрата хигиенска пракса, 13 се за присуство на контаминенти во храната, додека 12 се за поминат рок на употреба, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.
Во одделението за заштита на правата на потрошувачите од почетокот на годинава досега се пристигнати 218 претставки, но предничат оние од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните и досега такви се 112.
По бројност, по нив се оние кои се однесуваат на безбедноста на храната од неживотинско потекло“, вели Бабовски.
Минатата година, 226 од поднесените претставки до АХВ биле со наводи кои се однесувале на храната од неживотинско потекло, додека најмал бил бројот на претставки за безбедноста на храната од животинско потекло.