Претставен првиот театарски практикум за деца и млади „Од игра до претстава“
Foto

Претставен првиот театарски практикум за деца и млади „Од игра до претстава“

„Од игра до претстава“ е насловен првиот театарски практикум во земјава, наменет првенствено за деца од предучилишна и училишна возраст, но и за обучувачи, наставници и сите оние кои сакаат да ги откријат тајните на театарската уметност.

Автори на книгата се Игор Ивковиќ и Афродита Кирјаковска кои собраа стотина практични театарски игри, поделени во осум тематски целини, со чија примена се поттикнуваат креативноста и личните емоционални, интелектуални и социјални компетенции кај децата и младите.

0 Коментари

Остави коментари