Претставата „Лекција“од Ежен Јонеско на „Скопско лето“ на 24 јуни

о рамките на фестивалот Скопско лето, претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе биде изведена на 24 јуни во 20:30 часот , на малата сцена во Националната опера и балет во Скопје.

Претставата е копродукција помеѓу штипскиот театар и „Моушн нетворк“, а е поддржана од Министерството за култура. Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов.

Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на режисерот Ризески, костимите се колективно дело, а музиката е на Антонио Ристески. Кореографијата е на Бојан Мицев, за плакатот се погрижи Александар Вржалски, а фотограф е Александар Ефремов.