Претседателски избори 2019
Foto

Претседателски избори 2019

Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров, Трајко Славески, Ангелка Пеева Лауренчиќ, Имер Селмани, ова се само дел од имињата со кои се калкулира како можни кандидати на претстојните претседателски избори. Од владејачката СДСМ убедуваат дека внатрепартиската процедура за избор на кандидат се уште не е започната, но тврдат дека се сигурни во победата на било какви избори. 

„Очекуваме убедлива победа на претседателските избори. Внатрепартиската процедура за избор на кандидат се уште не е започната, фокусираме сме на обезбедувањето на процесот за членство на МК во НАТО и ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ најави дека на 11 јануари ќе објави конкурс за поразениот кандидат. Кој е кандидатот што ќе застане рамо до рамо со Мицкоски, против НАТО и ЕУ, против иднината? Таков кандидат, атизападен и близок до Мицкоски и Груевски, може да очекува само пораз.“ - велат од СДСМ.

Лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обелодени дека најдоцна до 11 јануари партијата ќе го објави огласот за пријавување кандидати за претстојните парламентарни избори и дека на 16 јануари ќе се знае кои се кандидатите. 

„На 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе го избере претседателскиот кандидат, односо оној кој ќе ја добие поддршката. НБа избори на кои имајќи ја в предвид актуелната политичка ситуација во државата, но и новите политики кои што партијата ќе ги промовира во периодот во кој следи, очекуваме сериозна победа.“ - изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Во јавноста веќе се шпекулираше со имињата на Трајко Славески и Тања Каракамишева, како можни кандидати на опозициската ВМРО ДПМНЕ..Неодамна, Ивица Конески кој е актуелен советник на Мицкоски за Град Скопје изјави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби претседателските избори Христијан Мицкоски треба да се повлече од лидерската функција во партијата.

На претстојните претседателки избори можно е ЛДП да настапува самостојно со свој кнадидат..Ангелка Пеева - Лауренчиќ е потенцијалениот кандидат на ЛДП за претседател на државата. Таа своевремено беше претседател на Либерална Унија на Млади, а беше и пратеник од редовите на ЛДП од 2002 до 2006 година.

Сепак не се исклучуваат и опции за заедничко настапување на изборите на СДСМ и ДУИ. Актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров и поранешниот претседателки кандидат Имер Селмани според шпекулациите би се кнадидирале, но само како консензуален кандидат. Инаку, последните анкети пак покажуваат дека премиерот Зоран Заев за претседателската функција би добил подрршка од 12,4 отсто, а 8,2 отсто за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и за министерот за надворешни работи Никола Димитров. За Стево Пендаровски би гласале 6,8 отсто од испитаниците, пет отсто својот глас би го дале за Бујар Османи, додека за Имер Селмани, кој веќе еднаш се проба во претседателска трка се одлучиле 5,8 отсто од анкетираните.

0 Коментари

Остави коментари