Претседателот Пендаровски закажа лидерска средба в недела
Лидерите на најголемите политички партии од власта и опозицијата седнуваат на иста маса – претседателот на државата Стево Пендаровски и се обрати на нацијата. Шефот на државата в недела во Вила Водно ќе ги собере лидери на политичките партии – но наместо за датумот ќе се разговара за затвроената врата на Македонија од ЕУ.
Од сите поканети, како што посочи претседателот – на адреса во Вила Водно стигнал позитивен одговор. Откако европските лидери одлучија дека за аспирациите на Скопје ќе се разговара најдоцна до пролет идната година - шефот на државата вели сега не е време за апатија. Според Пендаровски ниту една одлука не е конечна.
Претседателот заклучува Македонија, сега мора да продолжи со реформите, справувањето со организираниот криминал, а европските стандарди, според шефот на државата мора да станат и домашни стандарди.