Претседателот Пендаровски во прва посета на Брисел: Не бараме незаслужена награда, туку заслужената шанса
Foto

Претседателот Пендаровски во прва посета на Брисел: Не бараме незаслужена награда, туку заслужената шанса

Направивте се што се очекуваше од Вас. Но, сакам да бидам искрен, не сите земји- членки се подготвени да ја донесат одлуката за отворање на преговорите во наредните денови. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на заедничката прес конференција по средбата со претседателот Стево Пендаровски во Брисел. Туск, кој раководи со телото на ЕУ кое ја носи одлуката за одредување датум, рече дека во изминатите две години Северна Македонија ги испорачала сите вистински политички сигнали кои ги очекувала ЕУ.

„Јас лично верувам дека може да има само една одлука, да почнат преговорите во линија со препораката на Европската комисија и за Северна Македонија и за Албанија. Прашањето денес не е дали, туку кога. Јас сум претпазлив, бидејќи за постигнувањето на консензус меѓу сите 28 земји- членки на ЕУ е потребно повеќе време, отколку што јас би сакал. Но нема сомнеж дека местото на вашата земји и целиот регион е во ЕУ“. - изјави Туск – претседател на европскиот Совет.

Претседателот Пендаровски, на кој ова му беше прва посета во странство и на европските институции по стапувањето на функцијата, порача дека земјава станала светол пример во регионот преку донесувањето одлуки за тешки прашања, а дека притоа биле испорачани и клучни реформи. 

„Свесни сме дека се потребни уште реформи и се согласувам дека имаме слабости и дека ни престои уште многу работа. Но морам да истакнам една балканска политичка реалност. Ние сме најефикасни тогаш кога имаме пред нас имаме конкретни задачи, а преговорите за членство се најдобра реформска алатка. Граѓаните не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за европска држава“. - изјави Пендаровски – претседател на Северна Македонија.

Според Пендаровски, ЕУ месецов треба да покаже визија за целиот регион со тоа што ќе додели датум за преговори на земјата. Инаку, вчера со заедничка изјава до Советот на ЕУ, 13 земји членки на унијата побараа итен и безусловен датум за почеток на преговори за Северна Македонија. Нема план „Б“ за земјата и за регионот, напишаа шефовите на дипломатиите на 13 те земји членки.

0 Коментари

Остави коментари