Претседателот Пендаровски во официјална посета на Косово
Foto

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Косово

Шефот на државата Стево Пендаровски, денеска, ќе престојува во официјална посета на Косово. Тој во Приштина ќе има средби со неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу, со претседателот на Парламентот на Косово, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од Османи-Садриу по што ќе одржат тет-а-тет средба, а ќе следи и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Во рамки на престојот во Косово, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на Мисијата.

0 Коментари

Остави коментари