Претседателот Пендаровски во Ерусалим на форумот „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот“
Foto

Претседателот Пендаровски во Ерусалим на форумот „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот“

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ерусалим присуствуваше на форумот „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот“.

На форумот, како што соопшти Кабинетот на претседателот, присуствувале и претседателот и премиерот на Израел, Реувен Ривлин и Бенјамин Нетанјаху, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, потпретседателот на САД Мајк Пенс, претседателите на Франција и на Германија, Емануел Макрон и Франк Валтер Штајнмаер и принцот Чарлс.

Претседателот Пендаровски положил меморијален венец и им оддал почит на илјадници убиени македонски Евреи кои беа депотрирани во логорот во Треблинка, како и на сите жртви кои од 1941 до 1945 година беа измачувани и убиени.

По повод 27 јануари – Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц, во рамки на конференцијата во Ерусалим, двајца преживеани од Холокаустот го запалиле меморијалниот факел.

0 Коментари

Остави коментари