Претседателот Пендаровски пресече: Во април ќе се одржи попис на населението
Foto

Претседателот Пендаровски пресече: Во април ќе се одржи попис на населението

Напролет ќе се пребројува населението - претседателот Стево Пендаровски стави потпис на новото законско решение за попис.

„Указот беше потпишан по извршените консултации со правни експерти. Процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.“ - соопштија од кабинетот на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

Реакциите не стивнуваат и по една недела од донесувањето на законот од ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинија на злоупотреба на европското знаменце. Пописот во април ќе биде политичка а не стастистичка операција, велат од опозицијата.

„Власта донесе закон за попис кој што создаде недоверба во општеството и ги распали политичките желби и наддавања. Се погласни се реакциите во општеството дека пописната операција ќе биде израз на политички договор наместо на статистичка спроведена операција, а тој момент се темели врз начинот на кој што ќе се води операцијата, без приложени документи, без јасно дефинирање кој ги дава податоците, како и на крајот, врзаниот потпис меѓу двајца именувани функционери од партнерите во власта.“ - изјави Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе се кројат и првите планови за бојкот на пописот. Од Власта возвраќаат - ВМРО-ДПМНЕ поттикнува на прекршување на законите. Законот за попист е според стандардите на Евростат.

„Јалови се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница. Пописот ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права. Пописот сега е вратен во рацете на институциите, на професионалците од Државниот завод за статистика. Операцијата ја спроведуваат професиналци по сите европски стандарди. Така е правилно. А не како во минатото, ако политичко тело го спроведува пописот, тој најдиректно се политизира и на крајот нема резултат.“ - изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

За ДУИ нема дилема дека Албанците ќе бидат над 25 отсто. На опозицијата и порачаа да не го опструира законот, бидејќи со тоа не придонесува за доброто на државата.

„Спорец бројот на ученици, по наталите и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто . Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка било за економски параметри, било за друга природа.“ - изјави Изет Меџити од ДУИ.

Во земјава попис на населението немало во последниве 19 години. Во 2011 година во Македонија имаше обид за попис-но по серијата проблеми тој не го дочека својот крај. Законот за попис кој минатата недела ја помина собраниската процедура предвидува и казни.

Така Чл 51 наведува:

- Глоба од 200 до 300 евра во денарска противвредност како прекршок за физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него или ако даде не точни податоци.Законот предвидува и казни ако физичко лице неовластено издаде податоци за трето лице или ако во својство на член на Комисијата за пописен реон нема да постапи во согласност со упатствата.

- Тој пак што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребени внесените податоци на пописната апликација ќе се казни со казна затвор од најмалку 3 години. Ако делото го стори учесник во пописот или друго службено лице при спроведивање на Пописот предвидена е и казна затвор до 5 години. За ова кривично дело постапката е итна.

0 Коментари

Остави коментари