Претседателот Пендаровски потпиша укази на четири системски закони и на Законот за енергетика

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги потпиша указите за прогласување на Закон за судовите, на Закон за управни спорови, на Закон за прекршоци и на Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Станува збор за системски закони, чии укази за прогласување не беа потпишани од претседателот Иванов. Претседателот Пендаровски го потпиша и указот за прогласување на Закон за енергетика. Пендаровски смета дека донесувањето на овие закони и нивната идна имплементација е од витален интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.