Претседателот Пендаровски му го додели мандатот на Талат Џафери за премиер на техничката влада
Владата официјално од денеска е во оставка. Констатирани оставките на премиерот Ковачевски и собранискиот спикер Џафери, а со тоа и на целата влада.
Нов претседател на законодавниот дом е досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски за неговиот избор гласаа 65 пратеници, а 40 беа против.
Не изостана ниту примопредавањето на кабинетот на собранискиот спикер откако Џафери му посака успех на Митревски.
На седницата не изостанаа ниту говорите на власта и опозицијата каде пратениците од парламентарното мнозинство со аплауз ги проследија констатациите и им посакаа понатамошен успех на идниот мандатар и техничката влада. Опозицијата пак со критики за начинот на кој и до сега работеше законодавниот дом актуелната влада.
По собраниските процедури досегашниот претседател на законодавниот дом Талат Џафери се упати и во вилата на Водно каде мандатот му го додели шефот на државата Пендаровски.