Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 76. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Foto

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 76. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да има средба со генералниот секретар на Светската организација  Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, во Њујорк учествуваше на 20. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“.

Во оваа прилика, претседателот се осврна на искуствата на Република Северна Македонија, ставајќи акцент на направените компромиси со соседите, членството во НАТО и посветеноста на интеграцијата на земјата во Европската Унија.

Притоа, претседателот Пендаровски констатира дека одржувањето на перспективата за членство во Европската Унија е клучниот двигател за реформите, не само во нашата држава, туку и во земјите од Западен Балкан, додека самото членство – клучно за обезбедување долгорочна стабилност, мир и просперитет во регионот.

0 Коментари

Остави коментари