Претседателот Пендаровски го прифаќа францускиот предлог
Шефот на државата го прифати францускиот предлог - не е ниту историски триумф ниту историски дебакл и не го загрозува македонскиот идентитет.
Пендаровски денеска порача дека ако било кога постои опасност за поткопување на македонскиот идентитет и јазик - Македонија веднаш ќе ги прекине преговорите со ЕУ.
- Откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, очекувам заклучоци кои, во случај да го прифатат овој предлог, би морало да има реченица плус дека од денот кога ќе ги отвориме преговорите до денот кога ќе ги завршиме, ако има дополнителни обиди од бугарска или која било страна повторно да се споменуваат прашањата за македонски јазик, идентитет и историја, не треба да чекаме некој да не блокира, туку сами треба да излеземе. - изјави Стево Пендаровски претседател на РСМ.
Пендаровски вели дека добил поддршка од Ковачевски, Маричиќ. Османи и останатите од Советот на безбедбност гаранциите за македонскиот идентитет да се вметнат како анекс на веќе постоечката македонска резолуција во Собранието, а не се исклучува и идејата овој документ да се инкорпорира во првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ.
За изјавата на шефот на дипломатијата дека може да се случат етнички тензии ако францускиот предлог се отфрли. Пендаровски вели дека не очекува проблеми, нема такви оценки на разузнавачките дирекции а таа изјава најдобро може да ја објасни Османи.
Претседателот Пендаровски денеска пред јавноста кажа во досегашните средби со европските лидери не добил впечаток дека ЕУ води „лицемерна игра“, ниту дека некој има интерес да менува нечија етничка карта.
А шефот на државата му врати и на Апасиев затоа што го опцу на фејсбук - преку глава ми е од големи македонски мажиња кажа Пендаровски. Препукувањата кон Пендаровски - лидерот на левица Апасиев ги продолжи на социјалните мрежи веднаш по завршувањето на пресот.