Претседателот Пендаровски го потпиша указот за новиот Закон за амнестија

Нема затвор за 280 лица кои биле казнети поради непочитување на Ковид мерките - претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот на усвоениот Закон за амнестија.

Лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.