Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на гости во цементарница „Титан - Усје“
Цементара Усје не е причина за загадениот воздух во Скопје. Компанијата работи по сите стандарди и ги почитува законите, затоа не гледаме причина за дислокација. Вака техничкиот директор на Цементара „ТИТАН Усје“, Гоце Цветковски одговори на новинарско прашање, прашан за тоа како компанијата гледа на обвинувањата од страна на граѓаните дека се најголем загадувач на воздухот во Скопје но и на барањата за дислокација.
Според него, сите анализи и студии покажуваат дека сите честички кои се наоѓаат во воздухот во главниот град не се од Цементарата.
Гоце Цветковски технички директор на Цементара Усје
- Целосно ја разбираме загриженоста на граѓаните за квалитетот на воздухот во Скопје но сакам да кажам дека Цементара Усје не е причина за тоа, голем број студии кои се сериозно направени прават анализа на самите честички кои ги има во воздухот и ни една од нив не покажува дека индустријата е доминатен фактор. Бидејќи компанијата работи по сите правила на игра, ги почитува правилата на својата еколошка дозвола кои се построги од нашето законодавство јас не би коментирал за дислокација бидејќи не гледам основа за тоа.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески денеска беше во посета на Цементарата. Тој по работната средба со главниот извршен директор Константинос Николау, и по презентацијата за инвестициите на компанијата водени од принципите на зелената економија во своето обраќање рече дека се чувствува како на трибина за заштита на околината.
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија
- Морам да кажам дека во презентацијава денеска се чувствувам како да се наоѓам на трибина за заштита на околината што не мислам дека е дефанзивен поглед на работите и мислам дека многу подобро звучат целите за напредок бидејќи ова е мултинационмална компанија која сигурно нема да го стави своето име на барабанот на проблемите во земјите во кои учествува бидејќи тоа ќе го руши целокупниот нејзин имиџ.
Во меѓувреме од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ пред неколку денови организраа втора блокада на раскрсницата пред цементарата.
Оттаму велат дека стојат на своите барања а тоа се независен 24 часовен мониторинг на фабриката Усје, јавно објавување на резултатите од мерењата, дислокација на цементарата и итна институционална реакција.

