Претседателот на Националниот совет на Австрија, Соботка во посета на Собранието
Foto

Претседателот на Националниот совет на Австрија, Соботка во посета на Собранието

Претседаелот на Националниот совет на Австрија, Волфганг Соботка денеска престојува во посета на Собранието.

Како што најави собраниската прес-служба, Соботка ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери и ќе потпишат Писмо за намери за формирање за „Работилница за демократија“.

Во рамки на посетата, Соботка ќе се сретне и со преставници на бизнис заедницата, Штефан Петер од ЕВН-Македонија, Глигор Бишев и Алвин Аличевиќ од Шпаркасе банка.

Соботка предвидено е да оствари одвоени средби со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

0 Коментари

Остави коментари