Претседателот на Аргентина им честиташе на сонародниците за освојувањето на Светското првенство во Катар

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез им се заблагодари на играчите на репрезентацијата за освојувањето на Светското првенство во Катар.

– Благодарам на играчите и на стручниот штаб. Вие сте пример дека не треба да се откажуваме, дека имаме голем народ и голема иднина, напиша тој на Твитер.

Репрезентацијата на Аргентина вечерва ја победи француската селекција по изведување пенали и стана победник на Светското првенство во Катар.

Репрезентацијата на Аргентина по трет пат го освои Светското првенство. Претходно, Аргентинците го освоија Мундијалот во 1978 и 1986 година.