Претседателката Силјановска Давкова ги претстави двете свои кандидатки за членови на Судски совет
Професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска се двете кандидатки за членови на судски совет номинирани од претседателката на државата.
Арлинда Кадри-Шахиновиќ: Професорка која својата академска кариера ја градела на Факултетот за правни и политички науки при ФОН, како и на приватниот МИТ Универзитет. Таа во јавноста е позната и како поранешен член на Комисијата за помилување.
Сузана Јошевска-Анастасовска: Истакната адвокатка со долгогодишно искуство, особено препознатлива по својата работа на кривични предмети.
Судскиот совет брои вкупно 15 членови. 8 членови избираат судиите, 3 членови избира Собранието (со Бадентерово мнозинство).2 членови предлага Претседателот на државата (тековните предлози).
2 членови по функција (Претседателот на Врховен суд и Министерот за правда) – тие присуствуваат на седниците, но немаат право на глас.
Предлозите се очекува веќе во понеделник да влезат во собраниска процедура

