Претседателката на Судски совет, Весна Дамева си поднесе неотповиклива оставка

Весна Дамева стана од претседателската фотеља на  Судскиот Совет откако денеска во своето образложение како причина ги наведе како што посочи притисоците кои се вршеле врз неа во јавноста особено од страна на премиерот Мицковски и членови на владата и пратеници блиски до него.

Потенцираше дека останува член на Судскиот совет доколку и тој мандат предвреме не и биде укинат. Иако на денешната вонредно свикана седница требаше да се избира новиот претседател на Судскиот совет оваа точка беше тргната од дневниот ред по барање на членот Исамедин Лимани со образложение дека сите членови не биле присутни за да го изнесат своето мислење и да гласаат за новиот претседател.

Со реакција на ова се јавија и од ДУИ од каде во својот допис до јавноста наведуваат:

- Оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, претставува уште еден драматичен момент кој ја одразува алармантната состојба на заробената држава и урнисувањето на независноста на институциите. Личните напади, политичките притисоци и јавните манипулации што ги опиша госпоѓа Дамева се јасен одраз на нелегитимната и неодговорна власт, која не запира во обидите да го прошири своето влијание врз секој сегмент од државата .

Премиерот Мицкоски пак уште претходната недела најави дека денеска од понеделник  стартува робусната акција за ослободување на  институциите од како што велеше остатоците од претходната влада и на овој начин најави борба против криминалот и корупцијата.

Денеска Мицкоски не излезе со официјална изјава но Дамева пак му порача согласно законите да ги достави сите обвиненија кои ги има со кои премиерот  тврдеше дека судскиот совет работел противзаконито. Во јавноста како еден од посериозните кандидати кои би можел да седне на претседателската фотеља во Судскиот совет се спомнува името на Александар Камбовски.