Претседателката на Лекарската комора Старделова одби да одговори зошто бараат 500 евра од пациентка која побарала надзор

И додека се чека исходот за овој случај, обвинителството се уште е во предистрага за случајот со тетовката, која обвинува дека поради лажна дијагноза на онкологија во Скопје, останала без дојки.

Вчера за „Слободен печат“ изјави дека лекарската комора и барала 500 евра за извештајот од надзорот, а претседателката на комората, Калина Гривчева Старделова денеска не сакаше да го коментира случајот, бидејќи во јавноста се појавила како директорка на Клиниката за гастроентерохепатологија, а не како претседателка на лекарската комора.

„Ова овде е отворање на гастро клинка. Лекарска комора е во центар на град, повелете, драго ќе ми биде да ви одговорам, ама ама таму. “

Извештајот пак, бил побаран во 2019 година, и е предаден во Обвинителството и Министерството за здравство, но не и на тетовката, која по операцијата дознала дека воопшто не требало да и бидат отстранети дојките.