Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во Скопје, тет-а-тет средба со Мицкоски
Топката е во ваши раце и она што треба да го направите се уставните измени . Ова е пораката која претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен му ја пренела на премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба како резултат на турнејата која ја имаше на Западен балкан а ја заокружи токму со Македонија како последна земја . Високата претставничка на ЕУ на мрежата Икс се огласи веднаш по средбата
Целосно ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена“.
Од Владата после средбата пак со кусо соопштение се огласија дека Македонија е таа која очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности . Во дописот се наведува
На средбата се разговараше за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација. Премиерот Мицкоски ја истакна решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Тој посочи дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.
Средби Фон дер Лајен имаше и со шефицата на државата Гордана Сиљановска Дафкова која исто така уште во текот на денот претходно посочи дека ќе очекува конструктивни предлози и решенија за надминување на спорот меѓу Скопје и официјална Софија .
Дел од агендата на високата европска претставничка беше и средбата со собранискиот спикер Африм Гаши.
Првиот опозиционер Филипче пак не се најде на списокот за средби но денеска јавно ја праша владата кои и се плановите за европската перспектива на земјата
Пред посетата на Скопје Фон дер Лајен ги посети земјите од Западен балкан Албанија , Црна Гора , Србија, Косово Босна и Херцеговина .

