Претседатателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на Самитот на НАТО ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.
Во пресрет на самитот на НАТО, Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
- Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство. Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста, објави претседателката на Фејсбук.

