Претрес во финансова полиција - обвинителството постапува по кривична пријава

Поладневно претрес во управата за финансиска полиција. Од обвинитеството за гонење на организиран криминал за ТВ 24 потврдија дека обвинителите се во финансовата полиција, се постапува по кривична пријава на група граѓани.

Обвинителката Вилма Русковска за нашата телевизија вели дека се проверуваат наводи по кривична пријава за да се утврди дали обвинувањата се основани.

Според информациите кривичната пријава е за повеќе лица - вработени во управата за финансиска полиција со која раководи Арафат Мареми. При претресот ќе се одеземе документација од која треба да се види дали има основ за кривичната пријава.