Претпоследен ден од предизборната кампања за изборите на 15. јули
Foto

Претпоследен ден од предизборната кампања за изборите на 15. јули

На прсти се бројат деновите до изборите на 15 јули во среда. Партиите ги користат последните два дена да упатат стрели кон противникот,  МВР најавува најстроги санкции за прекршителите на процесот, ДИК пак обезбедува услови за безбедно и транспарентно гласање. 

Техничкиот министер Наќе Чулев денеска им порача на полициските службеници да ги преземат сите мерки и најстрого да ги санкционираат оние кои ќе се инволвираат во поткуп, закани, уцени или било какви изборни нерегуларности. Чулев ги предупреди и своите колеги, да не подлегнуваат на партиски и притисоци од бизнис структури, туку на денот на изборите да си ги извршат задолженијата  професионално и чесно. 

„Граѓаните избирачкото право да да си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција, за која што сметат дека најмногу би ги задоволила нивните барања и сите оние неругуларности, притисоци, закани и уцени доколку им се вршат да ги пријават до МВР со цел најстрого санкционирање. Им укажав и на полициските службеници и на граѓаните им укажувам дека казните предвидени во Кривичниот законик за кривично дело поврзано со изборни нерегуларности е многу висока и таа е до десет години“ - вели Наќе Чулев - МВР.

Сепак кампањата зачинета со „бомби“, останува напната до самиот крај, а доведе и до фејсбук прекукувања помеѓу Чулев и заменичката Славјанка Петровска. 

Министерот за внатрешни работи поставен од ВМРО-ДПМНЕ, го обвини СДСМ за изборен поткуп, Петровска пак го демантираше оценувајќи ги неговите обиди како очајнички.

Во меѓувреме ДИК во време на пандемија со сите сили ги организира изборите. Изборниот материјал денеска е доставен до општинските изборни одбори, а Дерковски вчера упати апел до граѓаните да излезат на масовно гласање. 

„Имаме комплетно дезинфицирање на гласачките места , истото ќе се направи и по завршувањето на процесот. Кога гласачот ќе влезе на избирачкото место , да биде сигурен дека нема присуство на вирус“ - рече Оливер Дерковски - ДИК.

Ќе се гласа на 3.390 гласачки места - 900тина набљудувачи од граѓанската иницијатива МОСТ ќе ги следат предвремените парламентари избори. Процесот ќе биде и под бурното око на мисијата ОБСЕ/ ОДИХР. Шефицата на мисијата за ТВ24 уште пред две недели порача дека легитимитетот на изборите не треба да се довдеде во прашање. 

Утре на полноќ започнува изборниот мок. Во понеделник ќе гласаат болните од коронавирус и оние во самоизолација. Вторник е определен како ден кога ќе гласаат болните и немоќните. Среда на 15 јули во 7часот утрината ќе бидат отворени сите гласачки места, а истите ќе се затворат во 21 часот. На овие избори учествуваат 4 коалиции и 11 партии , а граѓаните допрва ќе одлучат кој ќе ја предводи државата во наредните 4 години.

0 Коментари

Остави коментари