Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд, температурата до 38 степени

Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места и услови за појава на невреме со град и силен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, а максималната ќе достигне 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Според УХМР, и во наредните денови ќе продолжи периодот на многу топло време со дневни температури над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се чувствува дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена. Поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.