Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Времето денеска во македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Пороен дожд и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата..

Во Скопје, претпладне умерено облачно, попладне, а особено во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.

Во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјата. Преку денот ќе дува засилен северен ветер. Од вторник времето ќе биде стабилно и топло.