Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
Денеска под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километри на час. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 4 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до 16 степени.
И утре ќе има слаб локален дожд, а во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.