Пресврт во БиХ, Изетбеговиќ призна пораз, Милорад Додик ги изгуби изборите во Република Српска

Вечните“ лидери на босанската политичка сцена, досегашните водачи на српската и на бошњачката заедница, Милорад Додик и Бакир Изетбеговиќ доживеаја дебакл на изборите  во Босна и Херцеговина.

Изетбеговиќ призна  дека не можел да ја победи коалицијата од 11 партии и неколку амбасади.

Додик не сака да признае дека е поразен и ќе ги чека  официјалните резултати.

За прв пат по Дејтонскиот договор од 1996 година, со кој беше востановено тричлено претседателство на БиХ со по еден претставник од секоја национална заедница, бошњачката заедница за член на претседателството на БиХ не избра политичар од т.н. стара гарда...